Јаневски: Утре ги очекуваме првите бодови во Европа!

Стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски потенцира дека неговиот тим е максимално подготвен за комплетно надигрување на утрешниот трет натпревар од Лигата на Европа, против Реал Сосиедад на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Јаневски не го крие оптимизмот наведувајќи на прес-конференцијата пред утрешната средба дека утре очекува фудбалерите да ги донесат првите бодови за Вардар во Европа…

„Очекуваме да ги освоиме првите бодови во Европа. Знаеме дека играме против силен тим кој максимално го респектираме, но добро ги анализиравме и знаеме дека можеме да дојдеме до бодови“ – рече Јаневски, притоа дополнувајќи:

„Ќе биде во секој случај тежок дуел, но фудбалерите знаат што ги очекува… Добро сме подготвени, имаме начин како да му парираме на противникот носени од желбата за позитивен резултат“.

Се вчитува...