Јаневски: Вака не се игра во Европа!

Вардар доживеа убедлив пораз на стартот од групната фаза во Лигата на Европа. Зенит во Скопје победи со 0-5, а и тренерот Чедомир Јаневски признава дека ривалот бил далеку поквлитетен на овој меч.

„Зенит беше подобар и заслужено победи, а ова треба да биде една лекција за нас како не треба да играме во иднина. Не се игра вака во Европа. Имаа момците голема желба за да направат ново изненадување, но уште на стартот примивме гол од корнер, кој не смеевме да го примиме. А кога ќе примиш таков гол во Европа, многу е тешко да се вратиш. Потоа во 20.минута дојде уште еден шок. Кокорин и Ѕјуба се одлични напаѓачи, го користеа својот простор максимално. Во вториот дел почнавме подобро, но потоа повторно паднавме и примивме уште два гола. Треба ова да ни биде голема лекција за во иднина“, изјави Чедомир Јаневски на прес – конференцијата по мечот.

Се вчитува...