Јаневски: Желба ми е да ги израдуваме навивачите и против Зенит

Најзаслужниот за огромниот успех на Вардар, Чеде Јаневски, со нетрпение го очекува стартот на историскиот настап на „црвено-црните“ во групата од Лигата на Европа. Македонскиот првак доби силна, но неатрактивна група со Зенит, Розенборг и Реал Сосиедад, а Јаневски е оптимист во пресрет на премиерниот дуел, оној на домашен терен против Зенит.

Едно е јасно, на секој терен ќе одиме на освојување на боови. Проблем е што ќе играме на секои три дена, патувањата се долги, но како тренер сметам дека подобро е да се играат натпревари, а не само да се тренира. Првиот меч ни е за дваесетина дена против Зенит, тим што за тренер го има Роберто Манчини, а во своите редови бројни репрезентативци. Моја желба е и на овој меч да ги израдуваме нашите навивачи. Што се однесува до групата, сметам дека е силна, но ние на ниту еден меч нема да се предадеме. Впрочем, ни даваа мали шанси и пред Фенер и Копенхаген, па видовте како излезе“ – изјави Јаневски.

Се вчитува...