Јани Атанасов го продолжи договорот со Хајдук до 2023 година

Младиот македонски фудбалер Јани Атанасов го продолжи договорот со хрватскиот прволигаш Хајдук до 2023 година. Атанасов во клубот од Сплит е од 2018 година каде стигна од редовите на турски Бурсаспор.

Претходно во кариерата играше и за Академија Пандев.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Хајдук и што ќе бидам дел од овој проект во наредниот период. Од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно и голема чест е да го носам дресот на овој голем клуб со најдобрите навивачи во светот. Чувствувам голема одговорност и предизвик да ја вратам таа доверба во добрите игри и успеси на тимот и верувам дека оваа сезона заедно ќе се радуваме на успеси“, изјави Атанасов. 

 

Се вчитува...