Јани Атанасов и Хајдук до голем триумф над Велковски и Ријека

Јани Атанасов и неговиот Хајдук славеа во дербито против Дарко Велковски и Ријека со 2-3 во 16. коло во хрватската прва лига. Гостите имаа предност по првите 45. минути со голот на Марко Ливаја во 45. минута.

Домаќините успеаја да направат целосен пресврт во второто полувреме и да поведат со 2-1 со головите на Дрмиќ во 54. и Муриќ во 78. минута од пенал. Сепак, Марко Ливаја со својот втор гол во 84. минута израмни на 2-2, додека конечните 2-3 ги постави Млакар во 98. минута.

Дарко Велковски беше стартер за својот тим, додека Јани Атанасов доби шанса на стартот на второто полувреме.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...