Еден од најталентираните македонски фудбалери Јани Атанасов е една од главните „мети“ на Вардар за летниот преоден рок пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Но, според нашите информации за Атанасов сериозен интерес има и од белградски Партизан кој е решен да го доведе во своите редови.
Вардар ова лето го напуштаат повеќе од половина од стандардните првотимци од минатата сезона. Тимот го очекува комплетна реконструкција, според најавите, со помлади фудбалери на кои ќе се поставува идниот темел. Токму во таа насока е и желбата за ангажман на Јани Атанасов. Покрај 18-годишниот Атанасов цел на „црвено-црните“ е уште еден младински репрезентативец од редовите на Академија Пандев, бекот Михаил Маневски, кој изминатава сезона ја мина на позајмица во Брегалница.
Но, според нашите информации, желбата на Атанасов, доколку следи трансфер од Академија Пандев, е интернационалната сцена поради што понудата од Партизан е повеќе од примамлива. Македонскиот младински репрезентативец е цел и на австрискиот прволигаш Алтах, но по пројавениот интерес од Партизан сега белграѓани се во предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА