Јани Атанасов пред потпис со Хајдук Сплит

Младинскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов е пред потпис со еден од најпознатите хрватски клубови, Хајдук Сплит. Тој во наредните денови треба и официјално да се согласи на верност со „билите“ и да се пресели на „Пољуд“. Атанасов е слободен агент откако го раскина договорот со турскиот клуб Бурсаспор.

Јани Атанасов е еден од најталентираните македонски фудбалери, член на националниот тим до 21 година, беше одреден период и во калчолигашот Интер, а потоа од Академија Пандев направи трансфер во Турција. Сега кариерата ќе ја продолжи во Хајдук Сплит. Хрватскиот гигант е ривал на Ренова во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Се вчитува...