Јаник Синер и Италија се освојувачи на Дејвис купот

Репрезентацијата на Италија е освојувач на годинашното светско првенство во тенис, Дејвис купот.

Италијанците по големиот триумф вчера против Новак Ѓоковиќ и Србија денеска ја оправдаа фаворитската улога против Австралија и со максимални 2-0 стигнаа до вториот триумф во историјата во ова натпреварување.

Првиот поен за Италија го донесе Арналди кој славеше над Попирин, додека клучниот поен беше дело на можеби најдобриот тенисер моментално во светот, Јаник Синер кој го прегази Алекс де Минор со максимални 2-0 (6-3 и 6-0).

Ова за Италија е втора титула во Дејвис купот по онаа во 1976 година.

Се вчитува...