Јанис „гледа“ кон Западот: Ја продолжува кариерата во Портланд!?

Со месеци наназад траат шпекулациите околу тоа каде Јанис Адетокумбо би ја продолжил кареирата. Тој ја има најслабата сезона во дресот на Милвоки, а исто така има и проблеми на релација играч – клуб.

Според познатиот НБА инсајдер, Џејк Фишер, Гркот на крајот би можел да заврши на Западот, и тоа во редовите на Портланд Треилблејзерс.

Влијанието на познатиот американски бизнисмен Томас Дандон , кој го презеде клубот кон средината на август, но ќе може да го прилагоди само според свои мерки, се наведува како важен фактор зошто франшизата од Орегон е најблиску до потпишување со Адетокумбо.

Истиот извор напоменува дека Портланд е подготвен да го вклучи Џереми Грант во размената, чиј договор за следната сезона вреди 34 милиони долари, пред да се активира играчката опција пред сезоната 2027/28. Сепак, тоа нема да биде доволно за да се задоволат „Бакси“ со кој Адетокумбо има договор за следната сезона во вредност од 58 милиони долари, па Портланд ќе мора да ја „засили“ понудата за размена.

Се вчитува...