Јанис на мета на хакери: „Е*и се Коби, Милвоки се расисти…“ (ФОТО)

Твитер налогот на ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо бил хакиран и на истиот биле објавени навредливи твитови. Грчкиот интернационалец во четвртокот бил мета на напад на хакери, а покрај твитер налогот му биле пробиени и мејловите и банкарските сметки. Во периодот на нападот имало објавено неколку непримерни твитови за Стеф Кари, Леброн Џејмс и починатиот Коби Брајант.

Твитовите веднаш по објавата се избришани, а од Милвоки објавија дека е во тек истрага околу овој нелегален чин поради кој Гркот привремено остана без пристап на сопствените социјални мрежи.

Се вчитува...