Грчкиот кошаркар Јанис Адетукомбо одиграа уште една одлична партија со 54 постигнати поени но не успеа да му помогне да се спаси на Милвоки од пораз од Индијана со 126-124 во синоќешниот натпревар од НБА лигата.
Адетукомбо дојде на само еден поен од својот личен рекорд, а имаше плус 12 скока и три асистенции но не успеа да го собори иако 54 поени имаше дури на пет минути пред крајот на мечот.
Милвоки имаше предност и од 10 поени во последниот период, но не успеа да ја задржа со што ја прекина серијата од три победи. Крис Мидлтон постигна 19 поени уште кај Милвоки, додека кај Индијана, најефикасен беше Халибартон со 29 поени, 10 асистенции и 6 скока.
Во вториот натпревар од синоќешната програма, Атланта како гостин го победи Орландо со 120-119. Најдобар во победата беше Тре Јанг со 41 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА