Јанис втора година по ред најкорисен кошаркар во НБА лигата

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо втора година по ред е избран за најкорисен кошаркар во НБА лигата. Гркот втора година по ред ги водеше Бакс до најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, но за жал исто како и лани и годинава тимот прерано го заврши својот настап во плеј-офот.

Популарниот „грчки фрик“ во регуларниот дел од сезоната просечно по натпревар бележеше по 29,5 поени, 13,6 скока и 5,6 асистенции.

Се вчитува...