Јанко Луковски со лекции за младите кошаркари (фото)

Искусниот македонски кошаркарски тренер, Јанко Луковски, заедно со Марјан Лазовски и Драган Василов одржаа тренинг со млади македонски играчи, се со цел што подобро да бидат совладани техниките на играта, а и да се создаде единствен стил на игра. Луковски беше одговорен за демонстрирање на техниките во одбраната кои репрезентативците мораат да ги совладаат како би поставиле одличен темел за игра.

Добра одбрана без индивидуална одговорност кај играчот – не постои. Играчите кои сакаат да бидат дел од репрезентацијата мораат да работат на одбраната бидејќи само со добра одбрана може да се создадат услови за игра односно за следна акција – напад. Без квалитетна и агресивна одбрана, нам ќе ни падне целиот систем“ – постојано Луковски ги потсетуваше играчите кои ги демонстрираа техниките како и селекторите кои беа присутни на тренингот.

pece naumoski i cevka janko lukovski2jpg janko lukovski3

Се вчитува...