Јанкуловска со трансфер од соништата во Париз!

Ракометната репрезентативка Марија Јанкуловска направи трансфер од соништата откако денеска го стави својот потпис на договорот со Париз.

Францускиот тим го освои деветтото место во елитното друштво минатата сезона, по што ја ангажираше нашата репрезентативка како едно од клучните засилувања во овој преоден рок.

Јанкуловска се сели во Франција по освојувањето на двојната круна во мак-ракометот со тимот на Ѓорче Петров, не криејќи го задоволството по потписот на двогодишниот договор со новиот клуб.

„Пресреќна сум што доаѓам во Париз и почнувам ново поглавје во кариерата. Едвај чекам да се запознаам со сите во тимот и да почнеме со оваа авантура. Ќе работиме напорно, ќе растеме заедно и ќе направиме големи работи како тим наредната сезона. Се гледаме наскоро“, порача Марија Јанкуловска по потписот за Париз.

Се вчитува...