Јанта Волеј поведе со 2-0 во финалето против Работнички: На еден чекор до титулата!

Одбојкарките на Јанта Волеј поведоа со 2-0 во серијата од финалето на шампионатот на Македонија, откако во вториот натпревар на гостински терен славеше против бранителот на титулата, екипата на Работнички.

Гостинските одбојкарки сосема заслужено славеа денеска со 1-3, во сетови со 27-25, 13-25, 17-25 и 18-25.

Убедливо најдобра поединка кај Јанта Волеј беше Мери Бошковски со 23 поени, а одлична беше и Ана Георгиевска со 13 поени, додека Симона Стојановска имаше 11 поени. Кај Работнички најдобра беше Стакхаус со 11 поени.

Следниот, трет, натпревар од финалето се игра во петок, 2. мај, од 19:30 часот во салата на Јанта Волеј во Кисела Вода. Финалната серија се игра до три добиени натпревари. Ако Јанта Волеј победи во петок ќе ја освои годинашната титула, „крадејќи“ ја од Работнички.

Се вчитува...