Јанта Волеј е новиот шампион на Македонија во женска одбојка откако скопскиот клуб успеа да триумфира во финалната серија против Работнички со 3-1, симнувајќи ги „ценарки“ од тронот на женската одбојкарска сцена во нашата држава.
Денешниот четврти финален натпревар мина во знакот на тимот на Јанта Волеј, кој успеа да триумфира со 3-1 во сетови и да си го трасира патот кон титулата.
Првиот сет мина во апсолутна доминација на Работнички и гостинките заслужено поведоа со 14-25. Домашниот состав сепак успеа да се врати и во неизвесниот втор сет славеше со 25-23, за потоа во третиот дел да биде подобар со 25-19 и да поведе со 2-1. Во неизвесната завршница од четвртиот сет посмирени беа одбојкарките на Јанта, кои на крајот триумфираа со 25-22, по што можеше да почне големото славје на шампионската титула, четврта во клупската историја.
Мери Бошковска беше во главна улога и со 19 поени го предводеше тимот на Јанта Волеј, Стојковска придонесе со 12 поени во овој голем триумф, додека кај Работнички најзабележителни беа Дикова и Стакхаус со по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА