Белгискиот интернационалец Аднан Јанузај е на прагот да се врати во Премиер – лигата. Тој ќе го напушти шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, а најблиску е до трансфер во англискиот премиерлигаш Евертон. За него е заинтересиран новиот менаџер на „карамелите“, Марко Силва, кој сака да го доведе на „Гудисон парк“.
23-годишниот офанзивец блесна како голем талент во Манчестер јунајтед, но не можеше да се избори со конкуренцијата, па замина во Сандерленд, а потоа и во Реал Сосиедад, само за да избори место во селекцијата на Белгија за настап на Светското првенство.
Во дресот на Реал Сосиедад, Аднан Јанузај постигна три гола на 28 натпревари, но Марко Силва добро ги знае неговите квалитети и смета дека тој би бил квалитетно засилување за Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА