Капитенот на јапонската репрезентација ја заврши кариерата во националниот тим.
Денес беше објавено дека Ватару Ендо ќе го пропушти Светското првенство поради ненавремено закрепнување од операцијата на ногата на која беше подложен во февруари.
33-годишниот играч од средниот ред објави дека повеќе нема да игра за Јапонија.
„Секако, штета е што нема да можам да учествувам на ова Светско првенство. Но, уште повеќе сум горд што по Светското првенство во Катар, како капитен, успеав да го водам овој тим напред со вас и да изградам тим за кого целта за „освојување на Светското првенство“ стана природна и саморазбирлива. Овој тим е навистина величествен. Верувам дека ќе ги надминат сите тешкотии и ќе ни отворат невидени хоризонти“, напиша играчот од средниот ред на Ливерпул .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
