Јапонија без одговор за расположените Срби

Српската кошаркарска репрезентација им се врати на победите во подготовките за Летните олимписки игри во Париз и тоа со доминантен натпревар против Јапонија во кој нашиот северен сосед забележа триумф од 119-100.

Високо поентерскиот натпревар двете екипи го најавија уште од самиот старт. Во првата четвртина резултатот гласеше 33-23 во полза на Србите, а Јапонците успеаја да ја намалат негативата на 59-52 на полувремето. Србија одново најде ритам на стартот на второто полувреме постигнувајќи 32 поени во третата четвртина наспроти 18-те на Јапонија со што ги реши дилемите за победник. До крајот на средбата двата тима ја надминаа границата од сто постигнати поени.

Со 18 поени Јокиќ беше лидер на Србија, додека 17 додаде Петрушев. Хачимура со 29 поени беше најрасположен кај Јапонија.

Се вчитува...