Јапонците задоволни од селекторот, му даваат нов договор

Репрезентацијата на Јапонија се прости од Светското првенство во Катар откако изгуби на пенали од Хрватска во 1/8 финалето. Јапонците беа слаби пеналџии, односно Ливаковиќ им одбрани три па мораа предвреме да го завршат настапот, и покрај тоа што завршија како првопласирани во група со Шпанија и со Германија.

Затоа не е изненадување што фудбалската федерација на земјата му подготвува нов договор на селекторот Хаџиме Моријасу. Селекторот се наоѓа на чело на репрезентацијата веќе четири години, а според најавите, му се подготвува нов двегодишен договор, со опција на продолжување до следниот Мундијал во 2026 година.

Моријасу ги освои симпатиите на фудбалската јавност по играта на Јапонија, но и по неговото однесување кога на крајот по вчерашниот меч им се поклонуваше на навивачите.

Моријасу нема некоја посебна тренерска кариера. Од 2012 до 2017 ја водеше Хирошима, а потоа беше дел од младата селекција на Јапонија, пред да го превземе селекторувањето на сениорскиот национален тим.

Се вчитува...