Јапонците го одредија новиот датум за почеток на Олимписките Игри

Олимписките Игри што требаше да се одржат во Токио летово и официјално се одложени, а во заедничкото соопштение на јапонските власти и на ИОК беше наведено дека во блиска иднина ќе биде обелоденет и новиот термин за одржување на најголемото спортско натпреварување.

Според јапонската телевизија НХК, домаќините веќе го одредиле новиот датум за почеток, според нив идеално би било свеченото отворање да се одржи на 23 јули, а Олимписките Игри потоа да траат се до 8 август. Во овој период не би требало да има други позначајни спортски настани, а терминот не се поклопува ниту со јапонската лига во бејзбол, најпопуларното натпреварување во земјата-домаќин на ОИ.

Се очекува во текот на следната седмица да дојде до нов состанок меѓу првиот човек на ИОК, Томас Бах, и претставниците на јапонската влада, по што и официјално 23 јули ќе биде потврден како термин за почеток на Олимписките Игри во Токио.

Според овој план, Параолимписките Игри би се одржале од 24 август до 5 септември 2021 година.

Се вчитува...