Јапонците ја изнамачија Полска која триумфираше по пенали на турнирот „Четири нации“

Првиот противник на Македонија на Светското првенство во Германија, селекцијата на Јапонија прописно ја намачи Полска во полуфиналето на турнирот „Четири нации“.

Полјаците, и покрај тоа што имаа подредена улога во текот на целиот меч против Јапонија, на крајот победија дури по изведувањето на пеналите со 4-3 откако во регуларниот дел дуелот заврши 25-25.

Јапонците одлично го почнаа натпреварот контролирајќи ја и играта и резултатот во првото полувреме кое го добија со 11-13. Во второто полувреме Полска заигра поагресивно во одбраната па успеа да стигне до 25-25. Во пенал-рулетот домаќините беа поуспешни.

Македонија во 1. коло од групата Б на Светското првенство против Јапонија игра на 11. јануари во Минхен.

Се вчитува...