Јапонците ќе го „ладат“ Токио за ЛОИ 2020

На Летните Олимписки Игри во Токио во 2020 година организаторот ќе користи најсовремена технологија во борбата со силните бранови жештина. Ова лето, Јапонија и Токио се соочија со топлински бран кој предизвика температури до 41 степен Целзиусов. Вообичаено, температурите во овој период во главниот јапонски град  се до 30 степени, но организаторите сакаат да бидат подготвени, па ќе преземат мерки и ќе имаат технологија за блокирање топлина како и за распрскување влага.

„Можеби за спортистите кои се физички подготвени, ваквите температури и би биле подносливи, но за гледачите ќе биде пекол. Затоа сакаме да обезбедиме нормални услови за сите“ – велат од организацискиот комитет.

Дури 100 километри пат, особено делниците по кои ќе се одржува маратонот ќе бидат прскани со средства кои ја одбиваат топлината и ги одбиваат ултравиолетовите зраци. Се размислува и за поместување на почетокот на маратонот за 7 часот по локално време.

Јапонците имаат обезбедено технологија со која ќе може температурата да биде намалена за 8 степени Целзиусови.

 

 

 

Се вчитува...