Јапонците не се наивни, ја средија и Чешка

Јапонија дефинитивно нема да биде лесен залак за македонските ракометари во првото коло од СП 2019 откако оваа азиска селекција повторно прикажа добра игра на турнирот во Полска.

По вчерашното реми против домашната селекција, Јапонците денеска во мечот за третото место се сретнаа со Чешка и забележаа победа од 27-25. Чесите настапија со комбиниран состав на овој турнир, а избраниците на селекторот Дагур Сигурдсон го искористија тоа и во неизвесна завршница успеаја да стигнат до победата.

Натпреварот меѓу Македонија и Јапонија на СП во Минхен на програмата е на 11 јануари со почеток во 15.30 часот.

Се вчитува...