Јапонците се пофалија – Иниеста доаѓа во Висел Кобе

Андрес Иниеста својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Висел Кобе, тим со кој веќе ги договорил сите детали, а трансферот ќе биде официјализиран во текот на следната седмица. Ова го тврдат јапонските медиуми, кои повикувајќи се на извори од управата на Кобе откриваат дека сите детали од соработката се веќе договорени, а сега чека Иниеста да го одигра својот последен меч за Барса (викендов против Реал Сосиедад), за шпанскиот генијалец да отпатува за Јапонија на потпис на договорот.

По објавувањето за заминување од Барселона се очекуваше шпанскиот ас кариерата да ја продолжи во Кина, но тој трансфер не се реализираше. Кобе стана сериозна опција благодарение на главниот спонзор на Барселона, компанијата „Ракутен“, која сака да доведе мегаѕвезда од калиброт на Иниеста за да го крене рејтингот на јапонската Џеј-лига.

Екипата на Висел Кобе моментно се наоѓа на седмото место на табелата, но јасно е дека со доаѓањето на Иниеста амбициите на клубот значително би пораснале.

Се вчитува...