Јапонците сигурни: Ќе бидат поедноставени, но ЛОИ 2021 ќе има

Летните Олимписки Игри кои од јули годинава беа префрлени за јули следната година поради светската криза со пандемијата на коронавирусот веројатно нема да ја имаат спектакуларната форма што била во почетната замисла на јапонските организатори.

Ќе мора да се крати на многу работи, организаторот објави дека работи на повеќе од 200 идеи за Игрите да бидат поедноставени и за да бидат намалени трошоците. Се размислува и за намалување на бројката на присутни гледачи. Термините за натпреварувањата засега остануваат непроменети. Организаторот не размислува за опцијата за комплетно откажување на Игрите.

„Да не шпекулираме со хипотетичка ситуација или исценарио. Нашите насоки со откажувањето како опција во овој момент да не ги земаме в предвид“ – изјави претседателот на Организацискиот комитет на Игрите во Токио, Тоширо Муто.

Се вчитува...