Јармоленко стана „чекан“: Доаѓам во најсилната лига во светот

Вест хем не запира со трошењето на пари на нови фудбалери откако управата на клубот даде ветување дека ќе ги исполни желбите на новиот стратег Мануел Пелегрини. Откако беше добиена трката по Џек Вилшир, „чеканите“ денеска промовираа уште едно големо засилување – Андреј Јармоленко.

Најдобриот украински фудбалер пристигнува од редовите на Борусија Дортмунд, а лондонскиот клуб плати 17,5 милиони фунти за да го доведе во своите редови. Јармоленко сигурно ќе биде огромно засилување за навалната линија на Вест хем, која не функционираше најдобро во текот на минатата сезона.

Премиер-лигата е најсилна во светот и се радувам на предизвикот. Вест хем е голем клуб со одлични навивачи и многу сум среќен што сум овде“ – изјави Јармоленко по потписот на договорот.

Се вчитува...