Фудбалерите на Ренџерс конечно заиграа на ниво сезонава откако во последното коло од шкотскиот шампионат без големи проблеми славеа на гостински терен против Данди со 0-3.
Сепак, нашиот напаѓач иако одигра солидно прво полувреме беше заменет уште на паузата пред вториот дел. Поранешниот напаѓач на шкотскиот тим Крис Бојд е изненаден од одлуката на тренерот Дени Рол и вели дека да бил тој на место на Миовски би полудел по таквата одлука.
„Ако јас бев на местото на Миовски, апсолутно би полудел од лутина. Немаше најдобар настап, но како напаѓач фрустрира кога гледаш дека друг кој не ја користи шансата, во овој случај Чермити, добива повеќе минути. Миовски доби само 45 минути, а секој напаѓач сака да одигра барем 60-70 минути, тогаш одбраните повеќе се отвораат и вие добивате повеќе шанса. Така влегуаш во форма. Со овие 45 минути и тука-таму на другите натпревари, Миовски нема да влезе во форма“, изјави Бојд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

