„Јас на терен полупијан, а Ѓоковиќ ми мафта со сто евра“

Виктор Троицки се најде во фокусот на вниманието на тениската јавност откако во едно интервју обелодени интересни детали од настапите на Дејвис-куп репрезентацијата на Србија.

„Имаше интересна ситуација на дуелот со Шведска, го добивме дублот и поведовме со 2-1 и имавме два лесни меча во сингл од кои ни требаше една победа за да славиме. Бевме толку сигурни, Типсаревиќ требаше да отвори против шведски анонимус и остана во својата собота, но ние останатите решивме да излеземе во град и предвреме да прославиме. Кога се вративме во хотел веќе беше разденето, немавме време да одмориме, а Јанко експресно славеше и јас морав да излезам на терен полупијан. Ривал – Линстед, специјалист за дубл, играч со добар сервис. А од другата страна на мрежата – јас „мртов“, не можам да се движам ни лево ни десно. Едвај гледав, а Новак од страна ми мафта со сто евра и ми вели „твои се ако му земеш брејк“. На крајот, Линдстед го предаде мечот, а јас им велам на моите – ајде да си бегаме, не можам да стојам“, открива Троицки.

Се вчитува...