„Јас сум горд Хрват, но никогаш нема да мразам некого зошто е Србин“

Актуелниот селектор на ватерполо репрезентацијата на Хрватска, Ивица Туцак, ги освои симпатиите во регионот откако јасно стави до знаење дека национализмот е нешто за што не смее да има место на овие простори.

Тој не крие дека има бројни пријатели во Србија, потенцирајќи дека блискоста со луѓето никогаш не ја базира на земјата каде тие се родени.

„Имам кажано милион пати, јас својат татковина ја сакам најмногу од се на светот. Јас сум горд Хрват, но никогаш во животот нема да дозволам да мразам некого затоа што е Србин. Никогаш во животот! За мене пријателот е пријател, човекот е човек, а националноста е нешто сосема друго. Имам сто пати дојдено во Белград и тоа е град во кој секогаш со задоволство се враќам, имам милион пријатели и драги луѓе таму, голем дел од нив доаѓаат кај мене на гости во Шибеник. Тоа е нешто што никој не може да ни го одземе“, изјави Туцак.

Се вчитува...