Јас сум Турам, еве ме на гугл, пуштете ме да влезам (ФОТО)

Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, се соочи со неочекуван проблем во пресрет на синоќешниот тренинг во Милано пред мечот со Интер, откако обезбедувањето на стадионот не го пушташе да влезе на теренот.

Французинот доцнеше зад групата, а кога сакаше да влезе имаше проблем да се објасни дека тој е член на германскиот прволигаш.

На крајот, пресуден беше „Гугл“, Турам успеа да се најде себе си на најголемиот интернет-пребарувач, по што ја тргна и маската од лицето, за обезбедувањето да се убеди дека тоа е навистина тој, и да му дозволи да го одработи тренингот со соиграчите.

Се вчитува...