Јашароски го напушти Шкупи за Приштина

Шкупи останува без многу важен фудбалер за наредната сезона, откако Ален Јашароски реши да го напушти прволигашот од Чаир и својата кариера да ја продолжи во косовскиот тим Приштина. Овој фудбалер одигра одлично во изминатите месеци, постигнувајќи неколку значајни погодоци за Шкупи, за што беше награден и со нов двогодишен договор.

Сепак, Јашароски летово реши да си замине од клубот, а раководството на Шкупи преку клупско соопштение потврди дека овој офанзивен играч во иднина нема да го носи дресот на чаирскиот прволигаш.

„Иако Алан Јашароски го продолжи договорот за уште две сезони, тој реши да си замине од тимот и да се пресели во Косово, каде ќе биде дел од еипата на Приштина. Во договорот имаше клаузула што му овозможуваше трансфер во странство, па иако платата му беше зголемена за 70%, тоа сепак се покажа недоволно за овој играч да остане дел од нашиот клуб“ – се вели во соопштението на Шкупи.

Се вчитува...