Јашароски повторно „лав“: Убаво е да се вратиш кај своите

Ален Јашароски е засилувањето за навалната линија на Македонија ЃП во пресрет на европскиот двомеч против Алашкерт во квалификациите за Лигата на Европа. „Лавовите“ размислуваа за неколку опции, но на крајот изборот падна врз Јашароски, за кого ова ќе претставува камбек во тимот од Ѓорче Петров.

„Убаво е да се вратиш кај своите. Среќен сум што сум повторно на овој терен и во овој дрес. Верувам дека можам да помогнам и знам дека ќе дадеме максимум во претстојните походи кон нови успеси“ – изјави Јашароски по потписот на договорот со Македонија ЃП.

Претходно, финалистот од Купот на Македонија потпиша договори и со Ермедин Адем и со Лука Трајкоски.

Се вчитува...