Јасмин Мециновиќ потпиша за Подгорица

Македонскиот интернационалец Јасмин Мециновиќ останува во првенството на Црна Гора, но во новата сезона ќе го носи дресот на новиот прволигаш Подгорица. Тој минатата сезона беше дел од Рудар Пљевља, а одлучи да ја прифати понудата на Подгорица.

За дефанзивецот Мециновиќ, кој има 28 години, ова е 15-ти различен клуб во кариерата. Тој беше интернационалец и во Малезија, Либан, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Молдавија…

 

Се вчитува...