Јелена Антиќ се сели во Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентативка, Јелена Антиќ во продолжение од сезоната ќе настапува за унгарскиот тим НКЕ Чата. Се работи за шестиот тим во женскиот унгарски шампионат.

Антиќ по повредата на коленото поради која долго време паузираше, се враќа во ритам и повторно ќе настапува на интернационална сцена. Таа е претставена како големо засилување за новиот тим, заедно со унгарската репрезентативка Џудит Барнаи. Антиќ претходно беше членка на полскиот клуб Висла.

Се вчитува...