Јелена Докиќ со ново шокантно сведоштво: „Татко ми ме исфрли на улица по полуфиналето на Вимблдон, чистачи ме пронајдоа…“

Поранешната австралиска тенисерка Јелена Докиќ откри нови детали за својот однос со нејзиниот татко Дамир.

Јавноста добро знае дека Дамир долги години и физички и психички ја тероризирал Докиќ, но Јелена сега со нови шокантни детали кои ја згрозија целокупната јавност.

Јелена, која тогаш имала само 17 години, загуби во полуфиналето на Вимблдон од далеку поискусната Линдзи Девенпорт.

„Уште од најмала кога почнав да играм тенис и кога ја удрив првата топка, мојот татко ме тепаше“ – вели Докиќ, и продолжува со описот како се изгледало зад сцената.

„Играм полуфинале на Вимблдон, седам во солзи среде просторијата за играчи, разговарам по телефон со мојот татко кој вели дека сум голем срам за него и семејството, затоа што сум загубила во полуфиналето на Вимблдон“ – открива Докиќ и дополнува:

„Не ми беше дозволено да се вратам во хотел, веќе ми кажа да правам што сакам, да спијам на улица и да не се враќам во хотел. Останав на Вимблдон, чекав сите да си одат, се сокрив во еден агол од просторијата за играчи како тука би преноќила. Среде ноќ ме пронајдоа чистачите, затоа што доцна во ноќта ја средуваа просторијата за следниот ден“.

Се вчитува...