Јелена Ѓоковиќ во Скопје на промоција на документарецот „Мудрост на траумите“ во рамките на Фондацијата „Новак“

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, вечерва во Скопје како предводник на Фондацијата „Новак“ на промоцијата на документарниот филм на др. Габор Мате – „Мудрост на траумата“.

Документарецот е како најава за доаѓањето на Габор Мате во регионот на предавања организирани од страна на Фондацијата „Новак“, која ја води Јелена Ѓоковиќ, а кои се и тоа како корисни, не само за стручните лица од областа на психологијата, но и за сите родители во насока на образование и воспитание на децата.

Документарецот „Мудрост на траумата“ покрај во Скопје деновиве се прикажува и во Белград, Нови Сад, Ниш, а ќе следат промоциите и во Подгорица, Сараево и Љубљана, како најава за потоа прикажување на филмот уште во 43 града од поширокиот регион.

Од Фондацијата за нареден период најавуваат и доаѓање на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во Скопје.

Се вчитува...