Јелена Ѓоковиќ воодушевена: Не чуваа како охридски бисери, благодарам Македонија! (ВИДЕО)

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, синоќа во Скопје како глобален директор на Фондацијата „Новак“ учествуваше на промоцијата на документарниот филм на др. Габор Мате – „Мудрост на траумата“.

Документарецот е како најава за доаѓањето на Габор Мате во регионот на предавања организирани од страна на Фондацијата „Новак“, која ја води Јелена Ѓоковиќ, а кои се и тоа како корисни, не само за стручните лица од областа на психологијата, но и за сите родители во насока на образование и воспитание на децата.

Документарецот „Мудрост на траумата“ покрај во Скопје деновиве се прикажува и во Белград, Нови Сад, Ниш, а ќе следат промоциите и во Подгорица, Сараево и Љубљана, како најава за потоа прикажување на филмот уште во 43 града од поширокиот регион.

Јелана Ѓоковиќ по завршувањето на документарецот и по панел-дискусијата која беше потоа одржана не го криеше воодушеваувањето од Скопје и начинот на кој се пречекани во главниот град на Македонија, па за блиска иднина најави и доаѓање на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во Скопје, и можност да одигра ревијален тениски натпревар со најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски.

„Прекрасни моменти со Фондацијата Новак во Скопје, не чуваа како охридски бисери. Ќе се вратиме повторно по нова доза љубов – како за вас така и за нас. И благодарам од срце на Македонија за така прекрасниот дочек и љубовта која ни ја даде“ – пренесе Јелена Ѓоковиќ, со видеоматеријал од престојот во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Се вчитува...