Јенс Леман лесно го победил коронавирусот

Поранешниот германски репрезентативец Јенс Леман бил позитивен на вирусот Covid-19, но успеал да се излечи. Некогашниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и на Штутгарт, за германските медиуми го опиша искуството со коронавирусот.

„Околу средината на март константно кашлав и имав зголемена телесна температура. Сето ова траеше околу ден и пол, но морав да останам во карантин. После две седмици беше прогласено дека сум здрав. Беше полесно од некој друг грип што сум го имал во минатото. Секако дека луѓето кои имаат поризично здравје мораат да бидат внимателни“, изјави Јенс Леман.

Тој во кариерата забележа 61 настап за германската фудбалска репрезентација.

 

Се вчитува...