Јетон Беќири на клупата на Струга Трим Лум?

Амбициозниот второлигаш Струга Трим Лум е на чекор до ангажман на Јетон Беќири за нов шеф на стручниот штаб. По разделбата со младиот стратег Александар Танчески, раководството на стружани отпочна преговори со Беќири, кој би можел да седне на клупата уште на следниот натпревар против Пелистер.

Струга Трим Лум има амбиции за пласман во Првата лига, а на последните три меча остана без победа и одлучи да направи промени. По денешниот триумф на Лабуништа, сега струшкиот второлигаш падна на втората позиција со еден бод заостанување.

Јетон Беќири беше на клупата на Ренова, а претходно и во Шкендија, и како асистент, но и привремен главен тренер на тимот. Исто така има искуство и од Албанија, каде беше дел од Фљамуртари и Влора.

Се вчитува...