По лошиот старт на пролетниот дел од сезоната и денешниот пораз од Шкупи, Струга Трим Лум одлучи да се раздели со тренерот Јетон Беќири.
Од клубот информираат дека во заеднички договор одлучен е да се прекине меѓусебната соработка поради лошите резултати на тимот изминатиов период.
„Му благодариме на Беќири за се што направи за клубот изминатава година и му посакуваме успесни во тренерската кариера во иднина“ – соопштија од Струга ТЛ.
Ова е трета тренерска смена во Првата лига во само една недела, откако претходно Академија Пандев го промени Југослав Тренчовски а Шкупи се раздели со Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА