Јетон Беќири промовиран во нов тренер на Ренова

Македонскиот прволигаш Ренова го именуваше Јетон Беќири за нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот стратег на Шкендија, кој работеше и во Албанија, ќе го преземе кормилото на „гипсарите“ во новата сезона на домашната сцена. Амбиците на клубот и на младиот, но веќе искусен стратег се поклопуваат, Ренова да игра значајна улога во македонскиот шампионат.

„Чест ми е да бидам тренер на Ренова и ќе се вложам максимално за да оствариме добри резултати во македонскиот шампионат следната сезона. Треба добро да се подготвиме во претстојниот период за да го дочекаме стартот на првенството во оптимална форма. Сакам да изразам благодарност до раководството на клубот за укажаната шанса и се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, изјави Јетон Беќири.

На него во работата ќе му помагаат Агрон Мемеди, кој го водеше тимот неколку кола во финишот на сезоната по заминувањето на Влатко Костов, како и Куштрим Абдулаи.

Се вчитува...