Јевтиќ дисквалификувана, Поп Арсова победник на „Охрид трчаТ 2018“ кај жените

Македонката Андријана Поп Арсова е официјален победник на „Охрид трчаТ 2018“ во женска конкуренција, откако денеска е дисквалификувана Србинката Оливера Јевтиќ поради прекршување на правилата на патеката.

Носени од основната интенција секој еден учесник  да треба и мора да има ист третман и да ги почитува правилата без разлика за кого станува збор и без разлика која е разликата во квалитет, организаторите на „Охрид трчаТ“, по прибирањето на дополнителните информации, фото, изјави на учесници и посебно изјавите на судиите Марјан Бошалески и Пеце Георгиевски, донесоа одлука Јевтиќ да биде дисквалификувана поради свесно кратење на патеката за цели 360 метри.

СООПШТЕНИЕТО ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Организаторот на Охрид трчаТ Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт со жалење ја известува целокупната спортска јавност дека натпреварувачот Оливера Јевтиќ од Србија со стратен број 910 при трчањето на вториот круг на трката на 10 километри ги прекрши правилата на патеката и на таков начин ја скрати патеката за 360 метри.

После прибирањето на дополнителните информации, фото, изјави на учесници и посебно изјавите на судиите Марјан Бошалески и Пеце Георгиевски задолжени за судиско место Кеј Македонија – Хотел Ројал одлучивме натпреварувачот со стартен број 910 да го дискфалификуваме од трката на 10 километри конкуренција жени.

На таков начин официјален победник на 10 километри на Охрид трчаТ 2018 во категоријата жени е Андријана Поп Арсова, втора е Миљана Ристиќ додека трета е Весна Кираџиева.

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ сака да ја извести спортската јавност пред се натпреварувачите кои биле или ќе се дел од трките кои ние ги организираме дека секој еден учесник треба и мора да има ист третман и да ги почитува правилата без разлика за кого станува збор и без разлика која е разликата во квалитет.

Со почит, Асоцијација на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ- СИТЕ ЗА СПОРТ

Се вчитува...