Јевтоски потпиша тригодишен договор со Ујпешт (ФОТО)

Довчерашниот фудбалер на Работнички, Стефан Јевтоски, својата кариера ја продолжува во унгарски Ујпешт.

23-годишниот Јевтоски се одлучи повторно на интернационална кариера потпишувајќи тригодишен договор со Унгарците.

Минатата сезона постигна четири гола во одиграни 27 натпревари во дресот на Работнички, а претходно има настапи и за Металург, како и за бугарски Локомотив Пловдив, хрватски Вараждин и украински Арсенал Киев.

Се вчитува...