Јевтовиќ: Вардар заслужува респект, победите над Малме и Фенербахче се доволен доказ

И Розенборг и Вардар во рамките од првото коло од Лигата на Европа претрпа убедливи порази, па двата тима на меѓусебен дуел во Трондхајм в четврток се наедеваат дека ќе ги прокнижат првите бодови во европските натпреварувања сезонава. Норвешкиот шампион влегува во мечот со улога на фаворит поради предноста на домашниот терен, но и добрата форма во последно време. Розенборг славеше во последните три кола од домашното првенство и веќе има одлични девет бода предност во однос на ривалите, па фудбалерите на овој тим со оптимизам го очекуват дуелот со „вардарци“.

Работевме напорно во последно време и тоа се покажа на натпреварите во изминатите дваесетина дена. Мило ми е што покажавме дека се наоѓаме во добра форма и сега со нетрпение го очекуваме претстојниот дуел од Лигата на Европа“ – истакнува Милан Јевтовиќ, српскиот крилен офанзивец кој сезонава постигна осум погодоци за Розенборг.

Свесен за фаворитската улога, Јевтовиќ сепак потенцира дека тоа ќе мора да се оправда на терен, посочувајќи ги средбите на Вардар против Малме и Фенербахче како доказ за квалитетите на македонскиот шампион.

Да бидам искрен не сум запознаен премногу со квалитетите на Вардар, но јасно е дека во Норвешка се е подобро од Македонија, посилна лига, поголеми стадиони, повеќе навивачи. Сепак, тоа не значи дека ќе биде лесно, Вардар заслужува респект, победите над Малме и Фенербахче се доказ за тоа. Ова е фудбал, никој не веруваше ниту во нас пред дуелот со Ајакс, па два пати го победивме овој ривал. Јас верувам во Розенборг, оптимист сум дека можеме да ја минеме и групната фаза“ – порачува Србинот во редовите на Розенборг.

Се вчитува...