Јиха прв честитраше: Нема друг шутер во светот како Кире Лазаров

Филип Јиха е голем спортист, го докажа тоа и за време на овој фајналфор турнир откако уште во текот на полуфиналето јавно му честиташе на Кире Лазаров за уривањето на неговиот рекорд, како најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите.

„Кире апсолутно заслужува да биде на врвот. Тој е брилијантен човек и играч, нема друг шутер како него“ – порача Чехот.

Филип Јиха лани заедно со Лазаров настапуваше за Барселона на фајналфор турнирот во Келн, чешкиот ас во меѓувреме ја заврши кариерата и се пресели во тренерскиот тим на Кил, додека Лазаров замина во Нант, екипа со која утре повторно ќе го нападне тронот на ракометна Европа.

Се вчитува...