Германската фудбалска легенда Јирген Клинсман е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Херта. Тој доаѓа на местото на хрватскиот стратег Анте Човиќ кој доби отказ по серијата од четири порази на тимот од Берлин. Клинсман ќе биде на клупата до крајот на сезоната.
Клинсман пред три седмици беше именуван во Надзорниот одбор на клубот, но новонастанатата ситуација придонесе да се нафати и за тренерскиот предизвик.
„Екстремно тешка беше одлуката за разделба со Анте, кој цели 20 години е дел од Херта. Но, таков е животот на тренерите, тие зависат од резултатите. Му посакуваме се најдобро и се надеваме дека тимот ќе функционира подобро во иднина“, изјави спортскиот директор на Херта, Михаел Прец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА