Германскиот тренер Јирген Клоп, по ангажманот во Ред Бул каде што е раководител на фудбалските операции, ќе добие нов ангажман. Ќе се врати на фудбалот, но не како тренер, туку како аналитичар.
Германецот ќе биде стручен аналитичар за платформата „MagentaTV“ за Светското првенство во 2026 година. Истата работа ја работеше за „ZDF“ на Светското првенство во 2006 година и на Европското првенство во 2008 година. За време на Светското првенство во 2010 година, беше ангажиран како експерт на „RTL“.
Со години потоа, тој се занимаваше исклучиво со тренерска работа, и тоа многу успешно. Беше на чело на Мајнц, Борусија Дортмунд, а потоа и на Ливерпул. Со последните два клуба мина исклучително успешни сезони, освојувајќи ги титулите во Бундеслигата и Купот на Германија, а со Ливерпул ја освои Премиерлигата, и Лигата на шампионите.
Светското првенство ќе трае од 11 јуни до 9 јули, а домаќини се Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

