Англискиот премиерлигаш Ливерпул се подготвува за рестарт на сезоната во Премиер – лигата и последниот спринт до освојување на титулата по пауза од три децении. Но, менаџерот Јирген Клоп размислува и за засилувањата што треба да пристигнат на „Енфилд Роуд“ ова лето. Најавите за ангажманот на Тимо Вернер можеби и нема да се остварат, затоа што Јирген Клоп има и друга опција.
Осман Дембеле, крилниот играч на Барселона е желбата на менаџерот на Ливерпул за летниот преоден рок. За него „црвените“ се подготвени да платат 50 милиони евра. Барселона го доведе младиот Тринкао за 31 милион евра, а тој треба да биде замена за Дембеле, доколку каталонскиот клуб пронајде соодветен купец. Од доаѓањето на Французинот на „Камп Ноу“, тој подолог период беше повреден отколку на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА