Јирген Клоп – мајстор за губење на финалиња

Јирген Клоп ја имаше одлично поставено играта на Ливерпул од стартот на финалето, но „црвените“ не успеаја да ја крунисаат иницијативата, а потоа целата тактика падна во вода со повредата на Салах.

За жал на Германецот, тој момент го одлучи и конечниот исход на мечот за титулата, а воедно и ја продолжи малерозната серија на Клоп кога станува збор за финалните натпревари во неговата тренерска кариера.

Статистиката на Јирген Клоп е катастрофална, по освоениот пехар во Купот на Германија во 2012 година неговите тимови играле шест финалиња, а тој ниту еднаш не излегол како победникот. Црната серија почна со финалето во ЛШ во 2013 година, кога Клоп како тренер на Борусија Дортмунд загуби од Баерн со голот на Робен во самиот финиш. Во следните две години ги губеше финалињата од Купот на Германија, потоа зеде краток одмор од фудбалот, но серијата порази ја продолжи и во Ливерпул.

Тој неколку месеци по доаѓањето на „Енфилд“ стигна до финалето во лига-купот, но беше поразен од Манчестер сити, веќе во мај 2016 го загуби и финалето во Лигата на Европа од Севилја, за вечерва да го претрпи и шестиот пораз во низа, во битката за тронот на Европа од Реал Мадрид.

Се вчитува...